Центар за логопeдија, специјална едукација и рехабилитација
Посветени на поддршка и развој на вашите способности. Преку индивидуален пристап и современи методи, ви помагаме да ги надминете предизвиците и да го достигнете својот полн потенцијал.
За Нас
Вашиот партнер за Говорно-јазичен и психомоторен развој
Центарот за логопедија, специјална едукација и рехабилитација е место каде што се спојуваат експертизата, посветеноста и грижа за секој поединец. Нудиме индивидуални програми и современи методи за поддршка на говорниот, когнитивниот и едукативниот развој. Овде секоја можност е почеток на успех.
Првиот чекор кон промената на состојбата кај говорно-јазичните нарушувања започнува од родителите, како исклучително важни котерапевти во третманот на развојните нарушувања.
Најважно е да се прифати состојбата, а потоа фокусот да се стави на решението, а не на проблемот.
Со стручна, професионална и искрена соработка меѓу стручните лица и родителите, се добиваат најдобрите резултати од третманот.
Логопед
Услуги
Вашиот пат до подобрување започнува тука
01
ЛОГОПЕДСКИ ТРЕТМАН (45 минути)
Поединечен логопедски третман, надвор од пакет.
02
ПРОЦЕНА НА ПСИХОМОТОРЕН РАЗВОЈ
Детална процена на психомоторниот развој (дефектолошко досие), со план и програма за дефектолошки третман.
03
ДЕФЕКТОЛОШКИ ТРЕТМАН (45 минути)
Поединечен дефектолошки третман, надвор од пакет.
Дознајте повеќе за нашите услуги и како можеме да ви помогнеме.
Блог
Новости и Вести
Хранењето претставува сложен и динамичен развоен процес кој вклучува координирана работа на сетилата и орално-моторните компоненти. Тоа е многу повеќе […]
Сигматизам претставува артикулациско нарушување кои ги засега гласовите с, з, ш, ж, ч, џ,ц, ѕ, ќ, ѓ. Претставник на оваа […]
Сензорни нарушувања претставуваат потешкотии во примањето, обработката и интегрирањето на информации од сетилата – вид, слух, допир, мирис, вкус, рамнотежа […]
Зошто нас
Зошто да нè одберете нас?
Во Центарот за логопедија, специјална едукација и рехабилитација, се стремиме кон создавање средина каде што секој клиент добива индивидуална поддршка и внимание. Нашиот пристап е насочен кон постигнување најдобри резултати преку професионалност, грижа и современи методи.
Искусен и стручен тим
Нашиот тим се состои од клинички логопеди специјалисти, дипломирани логопеди, специјални едукатори и рехабилитатори.
Персонализирани програми
Нудиме индивидуални планови за третман, прилагодени на потребите и целите на секој клиент.
Современи методологии
Работиме со најновите пристапи и технологии за да обезбедиме ефективна и квалитетна поддршка.
Топла и поддржувачка средина
Создаваме пријатна атмосфера каде што секој клиент се чувствува сигурно и мотивирано.